Детали за трагедијата на излез од Битола: Возач починал на лице место

 

Во 16:30 часот на крстосницата од улиците „Билбил камен“ со регионалниот пат Р-2331 Битола-Ниже поле, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Алфа ромео“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 19-годишниот Б.З. од Ресен и мотоцикл „Дукати Мултистрада“ со холандска национална ознака  управуван од холандскиот државјанин, 58-годишниот Р.В.

Во незгодата возачот на мотоциклот се здобил со  тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница Битола, каде  починал.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител  и увидна екипа од СВР-Битола. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.04.2019 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега