Дале 100 евра па сфатиле дека се измамени - Внимавајте да не наседнете на оваа измама
Околу 18:40 часот во Полициска Станица-Тетово, 76-годишната С.Б. од Тетово пријавила дека околу 16:30 часот додека со нејзиниот 78-годишниот сопруг М.С. седеле во дворот на куќата дошло непознато лице и им понудило дрва за греење по поволна цена.
Откако се договориле за купопродажба, му дале 100 евра капар, а според договореното, лицето требало да ги донесе дрвата, но тоа не го направил.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
26.04.2019 - 13:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа