СДСМ: Никогаш да не се повтори „27 април“

На денешен ден пред двe години се случи најцрниот чин во историјата на демократијата кога насилници поттикнати од ВМРО-ДПМНЕ насилно упаднаа во Собранието и се обидоа да убијат пратеници и новинари, велат од СДСМ.

Од партијата велат дека дури и по цена на убиство на пратеници и граѓанска војна, режимот на ВМРО-ДПМНЕ одбиваше да дозволи мирен трансфер на власта.

„Атмосферата на национализам, насилство и линч што ВМРО-ДПМНЕ со месеци ја спорведуваше резултираше со терористичко загрозување на безбедноста, за што веќе има и правосилни судски пресуди.

На овие избори, гласот за Сиљановска е глас за насилството и насилниците од 27 април, гласот за Сиљановска е глас враќање на темното време на репресивниот режим на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните нема да дозволат да се врати режимот на Груевски, туку дополнително ќе ја потврдат предноста на Стево Пендаровски, идниот претседател на државата“ велат во соопштение од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.04.2019 - 10:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега