Сообраќајка во Велес - Во едното возило имало дете
Вчера сообраќајна несреќа се случила на улица „Вардарска“ во Велес помеѓу патничко возило „Нисан“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 38-годишниот С.Б. од Велес, а сопатник било дете на возраст од 10 години и патничко возило „Фолксваген Голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 32-годишниот З.С. од Велес во кое биле и сопатниците С.Д.С. и Н.Д.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил З.С. додека останатите лица се здобиле со телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Велес.
02.05.2019 - 10:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа