Пендаровски со борците: Ако се укине Законот за јазици ќе има блокади и тензии

 

Заедничкиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски денеска се сретна со претставници на борците, кои застанаа зад неговиот концепт што води заедно напред, бидејќи како што порачаа, во 1941 година застанале на вистинската страна и ја извојувале слободата, еднаквоста, а сега на 5 мај вистинската страна е гласот за Пендаровски кој носи во модерна, европска и слободна држава.

 Пендаровски во своето обраќање посочи дека Македонија е изградена на принципите на слога и единство и отсекогаш била и ќе биде мултиетничка држава во која сите треба да имаат исти права.

 Внатрешната кохезија и слогата, порача Пендаровски, се клучот за целосен развој и укажа дека  другиот табор признава само една фамилија, фаворизира една партија и една етничка заедница.

 

 Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, води националистичка и анахрона политика, политика како излезена од некој музеј од 19 или 20 век. Велат, ако победи Сиљановска ќе  ги поништат договорите со Бугарија и Грција, ќе го укинат Законот за јазици а тоа ќе значи нови блокади, нови поделби и тензии. Тогаш се враќаме назад, нема напредок, нема ни НАТО ни ЕУ. Со географската додавка од името не изгубивме ништо и од македонштината, ние сме Македонци, нашиот јазик е македонски,  рече Пендаровски.

 

 Пендаровски повика на масовна излезност на 5 мај за да се стави конечен крај на груевизмот и неговите остатоци, а државата да продолжи кон интеграција во ЕУ и НАТО, каде вредносно и цивилизациски припаѓа.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.05.2019 - 15:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега