ВМРО-ДПМНЕ ОК Кавадарци: Народот ги казни штетните политики на оваа Влада

Ни преостануваат само уште 2 дена до вториот круг од претседателските избори. Народот ги препозна лагите и манипулациите на оваа власт уште во првиот круг. Победивме во 47 општини, а од недела натаму нема да биде исто во Република Македонија. 5ти мај ќе биде ден на пресвртот, после кој враќање нема. Власта е во паника, а тоа го препознаваат сите граѓани. Народот ги казни штетните политики на оваа Влада, а не однесувањето на поединци, изјави Стојанчо Рамов, член на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци кој додаде:

„Во Македонија никогаш не се живеело потешко, потфрлија на секое поле. Тргуваа со македонските национални интереси, потфрлија во економијата, потфрлија во земјоделството. Но, фактурата за сето ова ќе им ја испорача народот на 5ти мај во недела. Од друга страна, жалосно е што нивниот кандидат за Претседател бега од ТВ дуели. Го разбираме, но не го оправдуваме, бидејќи после ТВ дуелите во првиот круг евидентна беше двата претседателски кандидати. Гордана Силјановска Давкова со сиот свој интегритет и достоинство е гарант дека ќе се врати правдата во Македонија.“

-Зоран Заев и неговите катастрофални политики мора да заминат што побрзо за земјата да тргне напред. Оваа власт мора да биде поразена за Македонија да има успех. Успехот е гарантиран со глас за Гордана Силјановска Давкова. Гласот за Гордана Силјановска Давкова значи глас за иднина на сегашните и идните генерации, гласот за Гордана Силјановска Давкова значи просперитет и успех значат реформи, развој на секое поле и отстранување на црните облаци кои надвиснаа над граѓаните откако Зоран Заев ги води, посочи Рамов и потенцираше:

„Македонија мора да оди напред, Македонија заслужува иднина заслужува да биде земја во која се живее достоинствено и мирно. Победата на Гордана Силјановска Давкова и на ВМРО ДПМНЕ ќе значи почеток на нова ера во политиката, почеток во кој претседателот е олицетворение на промените кои треба да се случат. Затоа на 5 ти Мај да излеземе и да го дадеме гласот за професорката Гордана Силјановска Давкова, да го дадеме гласот за подобро утре и подобар живот, глас за надеж за сите граѓани на оваа земја . Глас од кој зависи судбината и иднината на Република Македонија.“

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.05.2019 - 17:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега