СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да го повика Јанушев да зборува со своите роднини да се повлечат од работните места во ЦУК и МВР

Свесна за слабата поддршка меѓу граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ продолжува на секој начин да бара алиби за поразот што ќе им се случи во недела, велат од СДСМ.

Од партијата велат дека заврши времето непотизмот и масовната партизација на институциите што беше одлика на ВМРО-ДПМНЕ, заврши со нивното заминување во опозиција.

„Денес Република Северна Македонија е правна држава во која се почитуваат законите и одлуките донесени од институциите. СДСМ е против непотизмот и против партизацијата на институциите.

Согласно тоа се испочитуваа и  донесените заклучоци односно одлуки на Државната комисија за спречување на корупција, по што следуваше повлекување од работните места на лица блиски до актуелни функционери.

Поради морални и етички причини од работните места веќе се повлекоа дедото, бабата и сестрата на ген. секретар на СДСМ Александар Кирацовски, мајката на портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов, синот, братот и сопругот  на пратеничката Мира Стојчевска.

Сите овие лица, иако при нивните вработувања не загрозиле ничие право и не прекршиле ниту една процедура ги испочитуваа заклучоците од Антикорупциска и си заминаа од нивните работни места .

Денес, законот и правилата важат за сите подеднакво. ВМРО ДПМНЕ нека го следи овој пример и за почеток нека го повика шефот на изборниот штаб да ги повика својот татко и сестра да се повлечат од работните места во ЦУК односно МВР.

Ја поздравуваме работата на ДКСК и ја охрабруваме да продолжи со откривање на нови случаи поврзани и со функционери на ВМРО-ДПМНЕ“ велат преку соопштение од СДСМ.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.05.2019 - 17:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега