СДСМ: Сиљановска да одговори како токму нејзиниот сопруг купил куќа од државата додека таа била министерка во Владата

Откако се дозна дека додека Гордана Сиљановска била министерка нејзиниот сопруг од Владата добил профитабилен бизнис со фри шоп денеска во медиумите се појавија информации за нов случај на непотизам и судир на интереси на Сиљановска, велат од СДСМ.

„Според јавно објавените информации, сопругот на Сиљановска во 1993 година купил куќа во центарот на Скопје која била во државна сопственост. Во тој период Сиљановска се уште била министерка во владата, што укажува на основано сомнение дека се работи за непотизам и судир на интереси.

Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска мора да одговори пред граѓаните како и на кој начин токму нејзиниот сопруг купил куќа во државна сопственост на атрактивна локација во Скопје додека таа била министерка“ стои во партиското соопштение на СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.05.2019 - 18:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега