Џип се искрши на патот Велес - Градско - тројца Грци се борат за живот

Страотна сообраќајна несреќа се случила утрово на автопатот Велес - Градско. Според првичните информиации, тешки повреди заработиле тројца грчки државјани.

Како што информираат од полицијата, грчките државјани патувале од Велес кон Градско, кога возачот на џипот, од засега непознати причини изгубил контрола над возилото, удрил во банкината, излетал од патот, се превртувал на асфалтот и завршил во заштитната ограда.

Тројцата повредени веднаш биле пренесени во велешкиот оддел за интензивна нега. Полицијата работи на расветлување на причините за несреќата.

03.10.2013 - 11:13

најчитано сега