Пендаровски: Влогот на овие избори е дали ќе одиме напред кон НАТО и ЕУ или ќе се враќаме назад

Мислам дека граѓаните овој пат многу убаво ќе размислат. Било да се Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Бошњаци… дека влогот на овие избори е дали навистина ќе одиме напред кон европската врата која ни е пола отворена, членки сме на НАТО, за помалку од два месеци ќе добиеме датум за преговори, или ќе се враќаме назад и ќе правиме ревизија, па понишутување на клучните документи кои направија поголема меѓуетничка кохезија и кои практично ги отворија европските порти за нас. Што е заложба на противкандидатката Силјановска, порача претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во неговото завршно обраќање во вечерашниот ТВ дуел со противкандидатката Гордана Силјановска Давкова во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.

Неговото обраќање тој го фокусираше на албанското гласачко тело, како и на тоа дека зад политиките на сегашното ВМРО-ДПМНЕ стои Никола Груевски.

– Како некој претендира да ги убеди етничките Албанци дека има почит кон таа етничка група, ако беше години и години против Рамковниот договор, ако сега вели дека е неуставен Законот за јазици? Апелирам до здравиот разум на сите домаќини, домаќинки, граѓани и граѓанки, да видат што реално се нуди. Да не веруваат на овие слаткоречиви флоскули на госпоѓата Сијановска, бидејќи зад тоа се крие Никола Груевски кој и ден денеска ја раководи таа политичка структура и со нејзина победа би сакал и физички да се врати и од Скопје да си ја продолжи политиката која толку многу црнила и лоши работи ни донесе десет годни наназад – порача Пендаровски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.05.2019 - 20:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега