Мицкоски од Куманово: Правото и правдата ќе дојдат на петти мај

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска се обрати пред граѓаните во општина Куманово, во кумановската населба Рајкова куќа, каде што посочи дека на 5 мај ќе се отвори можноста за конечно ставање на крај на СДСМ, и политичарите кои со децении наназад во Куманово ги лажат и манипулираат граѓаните.

-Дојде денот кога ќе се стави крај на оние политичари кои што децении наназад, ветуваат, а ништо не исполнуваат овде во Куманово.

Ќе се стави крај на оние политичари кои што со лаги и со измами битисуваат сето ова време на политичката сцена во Република Македонија. 5 мај е тој ден, а истата таа жар истата таа мотивација, истата таа храброст денеска ја гледам во очите на граѓаните, подготвеност и одлучност на 5 мај да се стави крај и на Максо, да се стави крај и на Оливер, кажа Мицкоски од Куманово.

 Тој додаде дека кумановчани се разочарани од градоначалникот на Куманово од СДСМ Максим Димитриевски и министерот за внатрешни работи  Оливер Спасовски бидејќи наместо да работат за обезбедување на подобри услови, исполнување на проектите за кои се избрани и решавање на проблемите на сите граѓани во Куманово тие ги уценуваат да гласат за Стево Пендаровски условувајќи ги  дека само така ќе им асфалтирале некоја улица, што преставува потценување на народот.

 

 -Наместо да си ја работат работата за која што се платени, за која што уживаат секакви привилегии, години наназад, тие по принципот на нивниот ментор Заев, по принципот на Мирчо свињарникот наместо да излезат со механизација, со проекти , решенија за проблемите, бидејќи тоа е надлежност на општината, тие излегуваат овде и велат гласајте за Стево, ако сакате да ви ја асфалтираме улицата.Поголемо понижување, поголемо омаловажување во 21 век зарем постои ли? Овие луѓе ќе бидат казнети. Изборите се можност за тоа. Заедно со народот да се избориме за правда за Македонија, вели Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.05.2019 - 20:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега