Тепачка во средното медицинско во Скопје

Вчера наутро, дошло до тепачка во средното училиште “Панче Караѓозов“ во Скопје.

Според полицијата, пресметката настанала меѓу 16 годишните В.Л. и Б.Б. од една страна и 17 годишните Ќ.К.  и Ф.А. од друга страна. Тие си размениле тупаници и клоци и си нанеле видливи повреди.

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.

03.10.2013 - 13:07