Почина деветмесечно бебенце во Македонија - Семејството една недела го лечело дома

 

Во Полициската станица-Штип рано утринава во 3.05 часот од страна на екипата на Итната медицинска помош било пријавено дека на улицата „Железничка“ има починато деветмесечнобебе.

Портпаролката на СВР-Штип, Гордана Панајотова информира дека од страна на полициски службеници во СВР-Штип бил извршен увид на местото на настанот при што било констатирано дека истиот ден околу 3.00 часот, 32 годишната Е.М., мајка на бебето забележала дека бебето не дава знаци на живот за што повикала екипа на Брза помош, а од нивна страна била константирана смрт.

Од разговорот со мајката на бебето и нејзиниот свекор А.М. дознале дека бебето повеќе од една недела било болно, но истите не го однеле за укажување на лекарска помош во здравствена установа, туку го лекувале во домашни услови.

По наредба на основен јавен обвинител од Штип телото на починатото бебе е предадено за обдукција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.05.2019 - 14:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега