Рускоска: Судии, пратеници и обвинители мора построго да се казнуваат

 

Носителите на јавни функции како што се пратеници, судии и обвинители, мора секогаш построго да бидат казнувани, затоа што тие се оние кои треба да го спроведуваат законот, изјави шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска, одговарајќи на новинарско прашање пред Конференцијата за напредокот во борбата против организираниот криминал и корупција.

Таа посочи дека уште стои на кажаното дека правото важи само за обичниот народ, не за судии и пратеници и дека во таа насока мисли токму за одредување на мерка притвор, односно за симнување на имунитет.

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција не сакаше да го коментира законот за јавно обвинителство  бидејќи преговорите сé уште траат.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.05.2019 - 13:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега