Заев за „Дневни Аваз": Подобро да се поврземе за подобро да не ценат

За време на денешниот регионален собир на ЕБОР, премиерот Зоран Заев беше пречекан од „Дневни аваз“.

- Се обидуваме да ја подобриме соработката. досега имаме добри резултати во регионот и има добра можност. Сите сакаме поголеми пазари и ги подобруваме условите на нашата сопствена економија. Важно е да се искористи капацитетот, вели Заев.

Заев, одговарајќи на прашањето за приоритетите на регионот, рече дека економските аспекти се многу важни.

- Треба да сториме повеќе, бидејќи постојат значајни можности. Ова е голема предност, но ни треба помош. Целите се исти - подобрување на конкурентноста и подобрување на животниот стандард. Работиме на отворање на границите и тие да се минуваат за што е можно пократко време на граничните премини. Добро е да имаме патишта и да им веруваме на институциите на нашите соседи. Треба подобро да се поврземе за подобро да не ценат, рече тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.05.2019 - 14:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега