Ахмети и Заев на средба неделава ќе договараат каде ќе „заигра“ метлата

Коалициските партнери во Владата деновиве ќе имаат средба на која треба да договорат некои детали од реконструкцијата која ја најави премиерот, Зоран Заев, во време на изборна кампања.

Вицепремиерот, Бујар Османи, потврди дека таква средба е договорена.

 

-Прашањето на новите имиња се наметнува и поради новиот закон за Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците. Ова Министерство ќе биде формирано поради што мора да има именување. Премерот најави во делот министри на СДСМ дека ќе има смени. Деновиве коалициските партнери ќе имаат средба и ќе разговараат за понатомошниот тек на Владата во целина, но и министерствата поединечно – рече Османи за Канал 5.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.05.2019 - 15:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега