Хоспитализирани 33 лица заразени од морбили: Четворица се во критична состојба

На Инфективната клиника се хоспитализирани 33 лица заразени од морбили, од кои четворица се во критична состојба.

-Вчера имаше пет нови прегледани пациенти со морбили, а двајца се примени на болничко лекување. Во животозагрозувачка состојба е 16- годишната пациентка со церебрална парализа и масивна пневмонија. Во потешка состојба на одделите има тројца возрасни, информираат од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

На Детска клиника бројките се малку подобри. Десет доенчиња се лекуваат болнички, но ниту едно не е во критична состојба, потврдија од клиниката.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.05.2019 - 17:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега