Маслов: Членството на Северна Македонија во НАТО е исфорсирано

 

Исфорсираната интеграција на Северна Македонија во НАТО нема да придонесе за безбедноста и стабилизацијата на ситуацијата на Балканот, изјавил рускиот амбасадор во Грција, Андреј Маслов, за грчката телевизија ЕРТ, истовремено отфрлајќи ги тврдењата дека Русија сака да го наметне нејзиното влијание на Балканот, јавува МИА од Атина.

„Нашата земја ја призна вашата соседна земја под новото име, но за жал решавањето на старото прашање со името го отвори патот за исфорсирана интеграција на Македонија во Северноатлантската алијанса и секако овој тек нема да придонесе во безбедноста и стабилизацијата на ситуацијата на Балканот“, рекол Маслов.

Според него, во изминатите години се гледаат напори на одредени земји за вопоставување нов поредок на работите, „што не е базирано на меѓународното право, туку на т.н. правила кои самите овие земји ги создаваат и ги презентираат како наводен став на меѓународната заедница“.

„Во однос на политиката на Русија на Балканот, ги отфрламе позициите што често ги гледаме по медиумите дека Русија наводно сака да го наметне нејзиното влијание на Балканот. Ние сакаме развој на односите со сите балкански земји на билатерално ниво и подготвени сме да ги развиеме овие односи на степен на кој самите земји го посакуваат тоа“, објаснува Маслов.Исфорсираната интеграција на Северна Македонија во НАТО нема да придонесе за безбедноста и стабилизацијата на ситуацијата на Балканот, изјавил рускиот амбасадор во Грција, Андреј Маслов, за грчката телевизија ЕРТ, истовремено отфрлајќи ги тврдењата дека Русија сака да го наметне нејзиното влијание на Балканот, јавува МИА од Атина.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.05.2019 - 13:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега