Скопјани краделе во автомобил - добија притвор

 

Триесет дена притвор им определи денеска истражен судија при Основниот суд во Тетово на Е.Џ ( 24 ) и А.С ( 31 ), двајцата од Скопје, како осомничени за обид за кражба од автомобил „Ауди“ со гостиварски таблици кое било паркирано во кругот на Државниот универзитет во Тетово, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Двајцата скопјани вчера околу 14:50 часот со возило „Опел корса“ со скопски таблици влегле во кругот на ДУТ и се упатиле кон Аудито при што со погоден клуч го отвориле возилото и од задното седиште одзеле црна чанта со лаптоп.

Во меѓувреме, тие биле забележани од обзбедувањето и со нивното возило почнале да бегаат при што на еден од обезбедувачите со ретровизорот му ја повредиле раката. Нешто подоцна двајцата биле фатени, приведени и задржани во Полициската станица Тетово додека лаптопот им е одземен и вратен на сопственикот.

Сторителите се познати на службите од порано и се сомничат и за повеќе други кривични дела, изјави Јосифовски

03.10.2013 - 21:19

најчитано сега