Штипјанка измамена: Им дала 35.000 евра и ветиле дека ќе изградат куќа, па наместо тоа ја сместиле во шупа
СВР Штип поднесе кривична пријава против В.К.(44) и С.К.(43), двајцата од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “измама“.
Според пријавеното, во јуни 2018 година пријавените ја довеле во заблуда С.К. од Штип да го продаде нејзиниот стан за да направат заедничка куќа, а откако оштетената им дала 35.000 евра, истите ја сместиле во помошна просторија-шупа од дворот од нивната куќа и не го исполниле ветеното за изградба на заедничка куќа.
10.05.2019 - 15:20
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа