Драма во Прилеп: Пијани дошле пред куќа со секери, нож и дрво па го нападнале целото семејство
НККР-Прилеп поднесе кривична пријава против Р.А.(19), С.А.(36), С.А.(41) и С.А.(18), сите од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “насилство“.
Имено според полицискиот билтен, на 08.05.2019 година околу 17,00 часот, во Прилеп на место викано „Три багреми“, пријавените под дејство на алкохол дошле пред куќата на Ф.С.(23) и започнале вербална расправија со него по што со нож, дрва и секири ги нападнале оштетениот, неговиот татко, неговата мајка и двете сестри нанесувајќи им повреди.
Од страна на судија на претходна постапка на пријавените им е одредена мерка притвор во траење од по 30 дена.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа