МВР со детали за убиството во тетовско- едно лице уапсено

 

Вчера во 13 часот и 45 минути во СВР Тетово пријавено е дека во кругот на фирма лоцирана  во село Прељубиште во безсознание било пронајдено лицето Ј.М. (59), холандски државјанин и сопственик на фирмата, соопштуваат од МВР.

Од полиција велат дека од страна на итна медицинска помош, повикана на местото на настанот, било констатирано дека Ј.М. бил починат.

Според првичните сознанија, на настанот му претходела расправија и тепачка меѓу сопственикот на  фирмата и лицето С.Р. од село Јанчиште вработено во истата.

По насока на Јавен обвинител  екипа на СВР Тетово изврши  увид на местото на настанот.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадано на обдукција.

Лицето С.Р е приведено и задржано во ПС-Тетово. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на кривично дело “убиство“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.05.2019 - 11:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега