Возачот летнал 50 метри - Се преврте трактор во беровско
Во 08.15 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека на место викано “Бричките“, атар на селото Двориште, беровско, на некатегоризиран пат, 55-годишниот Б.Ц. од селото Двориште, управувајќи трактор, изгубил контрола над тракторот и се превртел.
На тракторот заедно со него била и неговата сопруга И.Ц. која успеала да скокне, а Б.Ц. бил исфрлен на околу 50 метри под патот.
Б.Ц. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен и задржан на лекување во Медицински центар Струмица каде му била укажана лекарска прва помош, а потоа бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Со телесни повреди се здобила неговата сопруга.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Берово.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа