Драма на патот Тетово-Јажинце: Пожарникари го ваделе од возилото со кое излетал

 

 

Четириесет и пет годишен жител на тетовско Рогачево беше извлекуван од страна на пожарникари од неговото возило, откако излетал и се превртел додека возел по регионалниот пат Тетово-Јажинце денеска после 12.00 часот.

Според првичните информации на тетовската полиција поради излетувањето тој се здобил и со телесни повреди, но останал контактибилен.

– Сообраќајната незгода се случила на патот Тетово-Јажинце околу пладне во атарот на село Беловиште. Поради засега неутврдени причини возилото марка „Пежо 307“ кое го управувал Б.Ј. (45) од Рогачево излетало од коловозната лента, соопшти Марјан Јосифовски од СВР Тетово.

Возачот бил сам во возилото, а по извлекувањето е однесен во тетовската клиничка болница со возило на итната медицинска помош. Увид на местото започнаа да вршат јавен обвинител и екипа на СВР Тетово.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.05.2019 - 14:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега