Хорор во Шутка: Му ги испрскале очите па го прободеле во вратот

 

Околу 22.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во населбата Шуто Оризари, 20-годишниот Е.И. од Скопје бил нападнат од повеќе непознати лица.

Според пријавата, најпрвин едно од лицата со непозната течност го испрскало во пределот на очите, по што друго лице му нанело убод со остар предмет во пределот на вратот.

На Е.И. му била укажана помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ - Скопје.

СВР Скопје презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.05.2019 - 15:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега