ФОТО: Страшна сообраќајка пред Велес - погледнете што остана од луксузниот џип
Страотна сообраќајна несреќа се случила утрово на автопатот Велес - Градско. Според информациите со повреди се здобиле тројца грчки државјани.
Како што информираат од полицијата, грчките државјани патувале од Велес кон Градско, кога возачот на џипот, од засега непознати причини изгубил контрола над возилото, удрил во банкината, излетал од патот, се превртувал на асфалтот и завршил во заштитната ограда.