Два автомобила се искршија на патот Штип - Кочани - пожарникари ги ваделе повредените лица од возилата

Пред еден час се случила страотна сообраќајна несреќа на регионалниот пат Штип - Кочани. До несреќата дошло кога се судриле возило марка „матис“ и возило „пикап“ меѓу селата Долни Балвин и Крупиште.

Во сообраќајната несреќа се повредени четири лица кои итно биле пренесени во Клиничката болница во Штип.

Како штоизјавува Командирот на Противпожарната единица Кире Патраклиски за МИА, во вадењето на повредените патници од автомобилите учествувале и пожарникарите.

Веќе еден час сообраќајот е во прекин на регионалниот пат Штип - Кочани, со што се создаде долга колона од тешки товарни возила. 

Полицијата врши увид и работи на откривање на причините за несреќата.

04.10.2013 - 10:18