Народот одбра да вози германски дизел автомобил

Според последните статистички податоци на Сојузот на стопански комори на Македонија, до август 2013 година Македонците најмногу купувале германски автомобили.
Од вкупно продадените возила во Македонија во 2013 година дури 35% се од германски производители, дупло повеќе од вториот производител на листата; со што јасно се заклучува дека германските брендови во Македонија се најпосакувани.
Во поглед на техничките карактеристики, кога станува збор за изборот на горивото, 65% од македонските купувачи во 2013 година одлучиле да возат дизел автомобил, додека 47% избраа автомобил со зафатнина на мотор помеѓу 1500 и 2000cc3. Според каросериската изведба 21% од севкупната индустрија се одлучиле да набават мал автомобил, а 35% од населението преферира да вози компакт автомобил.

Токму во овој правец, слушајќи ги потребите и желбите на купувачите, компанијата Ми-Да Гранд Моторс ексклузивниот импортер за FORD во Македонија, од овој месец започнува кампања која го носи името Дизел е во Tренд”.  Кампањата е димензионирана според преференциите и потребите на македонските купувачи.


Од Ми-Да Гранд Моторс велат: “Ford е тој кој што на народот континуирано му обезбедува доверлив, безбеден и економичен автомобил. Но тука не завршува нашата мисија... Покрај одличен сервис и грижа кон нашите корисници, вие добивате и цел тим професионалци на ваша страна кои беспрекорно ќе се грижат и по 5 годишниот гарантен период. Она што исто така е важно е дека овојпат потрошувачите  ја изградија нашата понуда!
Германски квалитет, економичен дизел мотор и соодветното ниво на опременост се карактеристиките кои се во центарот на новата кампања. Сега е вистинскиот момент да изберете Fiesta, Focus или Mondeo со Trend ниво на опременост и дизел мотор  по цени како никогаш до сега!
Затоа што сега, дизел е во тренд.

 

04.10.2013 - 16:41

најчитано сега