МВР со детали за сообраќајката во која е повреден синот на Јанчев

Министерството за внатрешни работи информираше за сообраќајка која се случила вчера во Кавадарци.

Триесетина минути по полноќ на крстосницата од улиците „8-ми Септември“ и  „Гоце Делчев“ во Кавадарци, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Фолксваген пасат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од 36-годишниот Н.А. од Кавадарци, и мопед „Априлија“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од петнаесетгодишно лице со кое имало исто така 15-годишен сопатник.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле малолетниците и се пренесени во комплексот клиники  „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен е увид на местото на настанот.

 Претходно Независен јави дека 14 годишниот син на Јанчев настрадал додека се возел на моторцикл.

За потсетување, Митко Јанчев е сопственик на „Кожувчанка“, а до пред неколку месеци беше потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, но беше разрешен поради критиките кон раководството за ставот околу референдумот за името.

Фотографии од несреќата погледнете ТУКА.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.05.2019 - 15:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега