Внимавајте по скопските улици: Ученичка ја каснало куче

Нападите од кучиња не престануваат, а полициските билтени секојдневно се полнат со информации за нови каснати лица.

Последната пријава во полиција е синоќа во  22,45 часот, кога во Полициската станица Кисела Вода, 40-годишниот К.Д. од селото Ракотинци-скопско, пријавил дека истиот ден  околу 20 часот и 20 минути во селото Сопиште, неговата 15-годишна ќерка била касната од куче скитник.

Кучето го каснало малолетното девојче во пределот на левата потколеница.

За жал овие случаи се се почести и во Скопје и во другите градови низ Македонија.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.05.2019 - 15:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега