ОЈО со детали за убиството на Пино: Телото оставено во дупка и покриено со ќебе

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, 27-годишен жител на Скопје, делото го сторил на 11 декември 2018 година, околу 2 часот, откако претходно се сретнал со сега починатиот. Тие заедно со патничко моторно возило „Опел Аскона“ пристигнале во атарот на сeло Арачиново во Скопје. Осомничениот извадил огнено оружје – пушка и го застрелал оштетениот во пределот на главата. Од нанесените повреди веднаш починал оштетениот П.С. 26-годишен жител на Скопје, кој непосредно по кривичниот настан беше пријавен од семејството и се бараше како исчезнато лице. По стореното дело, во обид да се скријат трагите, телото на починатиот било пренесено во село Љуботен, каде е оставено во дупка и покриено со ќебе. Осомничениот се дал во бегство и во моментов е недостапен за органите на прогонот.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за определување на мерката притвор против осомничениот.​

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје денеска до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против Ф. А. (27) и 22-годишната А. Ѓ., двајцата од Скопје, за сторено кривично дело „убиство“ предвидено и казниво по член 123 од КЗ на РСM, информира МВР.

Имено, се работи за убиство на Пинета Секондо, кој на 11.12.2018 година од страна на неговата мајка, бил пријавен за исчезнат во полициската станица при СВР Скопје. На 29.04.2019 година во Единицата за известување и команда при СВР Скопје од страна на граѓанин пријавено е дека на место викано Башинец во атарот на село Љуботен пронајден е човечки скелет покриен со камења. По преземени оперативно тактички мерки дојдено е до сознание дека извршители се горенаведените лица, по што добиена е Наредба за претрес во дом и други простории од Основно јавно обвинителство Скопје и извршен е претрес во домовите на пријавените како и на уште две лица , роднини на првопријавениот. Во домот на првопријавениот пронајдени се СИМ картици, лични документи, мобилен телефон, УСБ, мемориска картица, една фантомка и возило Опел Аскона. По Ф.А. распишан е централен распис. На 30.05.2019 година второпријавената А.Ѓ. е лишена од слобода во просториите на СВР Скопје.

Мајката на Пино со месеци бараше помош и од медиумите и од полицијата за пронаоѓање на нејзиниот син, а организираше и протеести пред Собранието.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.05.2019 - 18:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега