Две возила се искршија во Прилеп - Возач со тешки повреди пренесен во болница

Во 22 часот и 20минути во Прилеп на крстосницата од улиците „А.Македонски“, „Сотка Ѓорѓиоски“, „И.Л.Рибар“ и „Битолска“, се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило „Застава 750“ со прилепски регистарски ознаки,управувано од 60-годишниот Љ.П. од Прилеп и патничко моторно возило „Ауди“ со прилепски регистарски ознаки,  управувано од К.Т.

Љ.П. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градска болница Прилеп, каде му се констатирани тешки телесни повреди.

Увид на лице место извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.06.2019 - 10:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега