Лазаров: Вардар покажа дека Барса и ПСЖ може да се срушат и без милиони

Македонски ракометар, Кире Лазаров, за хрватските медиуми го анализираше сензационалниот подвиг на Вардар, кој спротивно од очекувањата, стана европски првак. 

Лазаров се обиде да открие кои се грешките на гигантите кои и покрај парите и годинава извисија пред непредвидливиот Вардар. 

„Барса се распаѓа кога противникот ќе покаже заби, бидејќи не знае да се носи со притисокот. Играв четири години таму и добро го познавам клубот. Исто е и во кошаркарската и фудбалската секција. Финалето беше едносмерна улица. Веспрем на крајот се доближи, но илузија беше дека може да стигне. Клучот на титулата беше полуфиналето со Барса. Тие втори 30 минути деновиве неколку пати ги гледав и да бидам искрен, уште не можам да верувам што се случи. Се сеќавам кога игравме пред неколку години против Флензбург. Неколку минути пред крајот имавме 5-6 голови предност, но на крај загубивме. Тоа не им се случува само на ракометарите. Видете како поминаа фудбалерите лани со Рома и оваа година со Ливерпул. Притисокот таму е страшен. Таму се признава само прво место, а не може секој да се носи со тој притисок. Сите четири екипи кои годинава играа на Ф4 играат во послаби лиги, а германските и француските тимови многу се трошат и не успеаја сезонава. Вардар годинава им покажа и на Барса и на ПСЖ дека парите не се секогаш пресудни“, изјави Лазаров.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.06.2019 - 22:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега