ВИДЕО: Погледнете дали и ваши работи завршиле кај овие скопјани - МВР разби банда арамии кои го пустошеле Скопје

Четворицата скопјани  Н.Д.(45), К.Х.(48), М.И.(25) и В.К.(20) сите од Скопје, си заработија кривични пријави поради сомнение дека извршиле 21 тешка кражба низ Скопје.

Според информациите од МВР, првопријавениот Н.Д. бил “главниот“ крадец, додека тројцата скопјани го прикривале и ги продавале предметите кои тој ги крадел. Н.Д. ги извршил сите кражби на идентичен начин. Тој со штрафцигер ги отворал вратите и прозорците, влегувал внатре, пребарувал по собите и одземал вредни предмети како што се златен накит , мобилни телефони , ЛЦД Телевизори , алкохолни пијалоци, пари, лап топ комјутери, часовници. Потоа, во договор со другите пријавени, ги продавале украдените предмети. Откако полицијата им влегла во траг, четворицата скопјани се приведени, а во нивните домови се пронајдени дел од украдените предмети.

Н.Д., според полицијата, си ставил во џеб 1.969.300 денари, а направил штета од околу 3.800 денари. Тој во крим евиденцијата на МВР минува за сторени 30 дела од имотни деликти проследени со насилство, додека М.И. и В.К. и претходно прикривале арамии,

Министерството за внатрешни работи апелира до сите граѓани кои во последниве две години биле жртви на кражби, детално да го погледнат видеото и доколку некој од покажаните предмети го препознаат или се сомневаат дека е нивна сопственост да се обратат во СВР Скопје.

 

 

05.10.2013 - 11:34

најчитано сега