Во бесознание лежел на улица во Скопје - маж со Итна помош однесен на Клиника

Маж со тешки телесни повреди бил најден на улица во Скопје. Како што информира МВР вчера во 01:05 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош било пријавено дека во близина на дискотека во Градски парк во Скопје, на улица бил пронајден 38-годишниот И.А. од Скопје, кој лежел во бесознание со повреди од претходен физички напад.

Со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ - Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и му била укажана лекарска помош. 

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.06.2019 - 16:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега