МВР со детали за пожарот во Кисела Вода - три стана целосно изгореа

Вчера во 14:25 часот во СВР Скопје било пријавено од Бригадата за противпожарна заштита Скопје дека на улица „Народни херои“, во стан сопственост на 58-годишниот МС. избувнал пожар. Од пожарот биле зафатени уште два стана и тие биле целосно опожарени, а оштетени биле повеќе станови од чад и вода при гаснењето.

Пожарот бил изгаснат во 17:25 часот од Бригадата за противпожарна заштита. Со возило на Итна медицинска помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“ биле пренесени шест лица – станари на зградата поради вдишување на чад. Исто така, во комплексот клиники „Мајка Тереза“ биле пренесени и тројца пожарникари поради вдишување на чад. Увид ќе се врши во текот на денот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.06.2019 - 12:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега