ФОТО: Несреќа на Скопје-Блаце - Граѓаните трчале да помогнат на возачите од смачканите возила

Пред околу половина час на патот Скопје – Блаце, веднаш по тунелот што води кон границата со Косово, се случи сообраќајна несреќа меѓу два автомобила, пренесува весникот КОХА. 

Во несреќата учествувале автомобил „БМВ“, со тетовски регистарски ознаки и „Рено клио“ со косовски таблички.

 

До несреќата дошло кога возачот на реното претекнувал колона возила и неможејќи да запре директно удрил во бмв-то што наидувало од спротивниот правец. 

Граѓаните помагале додека да дојде Брза помош.

Фотографијата е објавена на Ѕидот на сообраќајниот срам.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.06.2019 - 14:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега