Детали за крвавото убиство синоќа во Скопје

Во 22.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во куќа на улицата „Јуриј Розентал“ во населба Шуто Оризари, при семејна расправија, со остар предмет и биле нанесени убодни рани во стомакот на 34-годишната А.Ѓ. од Скопје.

Од здбиените повреди таа починала на местото. По преземени мерки било констатирано дека околу 22.00 часот настанала расправија и физичка пресметка помеѓу нејзиниот братучед С.Х.(39) и нејзиниот сопругот С.Х.(37). Кратко после тоа, нејзиниот братучед заминал и набргу се вратил со нож во раката.

Тогаш повторно настанала расправија и за да не биде нападнат нејзиниот сопруг, А.Ѓ. се испречила пред С.Х.(39), кој со ножот и нанел убодни рани во стомакот, по што починала на местото.

С.Х.(39) и С.Х.(37) биле приведени во Полициската станица Чаир, по што, поради здобиените повреди, со возила на Итна медицинска помош, С.Х.(37) бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а С.Х.(39) во Градската општа болница “Св.Наум Охридски“.  

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје. По целосно расчистување на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.06.2019 - 11:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега