Детали за несреќата кај Блаце - Повредените итно на Ургентен

Околу 13.30 часот на магистралниот пат Скопје-Граничен премин Блаце се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 37-годишниот Ш.С. од Косово, со привремено живеалиште во Тетово и патничко возило „Рено Клио“ со косовски национални ознаки, управувано од 36-годишниот Н.Г. од Косово.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил М.Р.(53) од Косово, сопатник во возилото „Рено Клио“, додека И.Р.(51) од Косово, со привремено живеалиште во Германија, сопатник во истото возило, се здобил со телесни повреди. Со возило на Итна медицинска помош тие биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им била укажана лекарска помош.

Со тешки телесни повреди се здобил и сопатникот од возилото „Рено Клио“, Ш.Л. (37) од Косово, кој бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде му била укажана лекарска помош.

Исто така, со телесни повреди се здобиле и возачите Ш.С. и Н.Г.. Ш.С. со друго возило отишол во болницата во Тетово, додека Н.Г. бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“.

Увид извршила екипа од СВР Скопје.  

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.06.2019 - 11:36
Фото: 
ѕид на сообраќајниот срам

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега