Драма на Матка: Скокнал во водата и излегол со крвава глава

Вистинска драма се одвивала во Скопје кога во 18.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ со тешки телесни повреди бил донесен 19-годишниот Ч.Н. од Скопје.

Според пријавеното, околу 18.10 часот во кањон Матка, додека седеле, Ч.Н. се решил да плива и од висина скокнал во езерото.

Потоа, најверојатно се удрил во карпа под водата и кога испливал на површина обилно крварел од главата.

Се работи на расчистување на случајот.    

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.06.2019 - 15:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега