Трагедија во Македонија: Пронајден мртов маж

Околу 15.30 часот во СВР Велес било пријавено дека на место викано „Кури Даре“ во атарот на село Кочилари, велешко, во близина на бачилото сопственост на Џ.Х.(40) и Х.Х.(45), двајцата од село Кочилари, бил пронајден починат 48-годишниот М.Г. од Косово.

Според пријавеното, околу 06.30 часот М.Г. излегол да ги напасува овците на Џ.Х. Околу 14.20 часот Џ.Х. го побарал М.Г. на мобилен телефон, а откако не го добил, излегол да го бара, при што, според пријавата, го пронашол без знаци на живот.

Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот ќе биде предадено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.06.2019 - 15:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега