Жена пронашла бомба во дворот во Прилеп - Екипите веднаш на терен

Во 15.30 часот во Полициската станица Прилеп, 79-годишната И.С. од селото Алинци, прилепско, пријавила дека во дворното место пронашла неексплодирана граната.

Полициски службеници излегле на местото, а пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување констатирал дека се работи за минофрлачка граната од 75мм, која потекнува од Првата светска војна.

Гранатата била подигната за понатамошна постапка.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.06.2019 - 11:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега