Убиство, сообраќајка и смрт на дете - Три големи трагедии во Македонија неделава

Оваа недела две големи и тешки трагедии се случија во Скопје и една во Битола.

13-годишно девојче од Битола по име Џесика се удави на базен во Битола. Девојчето се удави во базенот „Довлеџик“ во Битола во обид да ја спаси од давење својата помала братучетка, раскажува нејзиниот чичко, јавува Сител.

-Пошле до базенот да се оладат. За да не умре малото девојче, Џесика стана се фрли за да го спаси. И таа почина, поголемата. Како влегоа таму децата, како успеаја, нема обезбедување таму. Ако нема обезбедување, смее тој базен да се затвори, не смее да биде отворен, Феим Мемишовски, чичко на Џесика.

Се случи трагедија и во Скопје кога се судрија два автомобили на Првомајска, при што двајца возачи загинаа на лице место.

Во директен судир на голф и пежо на лице место загинаа 21 годишно момче од Батинци и 48 годишен жител на Драчево. Сликата била траорна.

Последната трагедија се случи викендов кога беше убиена жена во Шутка.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице заради постоење на основано сомневање дека сторил едно кривично дело убиство од член 123 став 1 и едно кривично дело убиство во обид, предвидено и казниво по член 123 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик.
 
 
Во текот на вчерашниот ден, по вербална расправија и физичка пресметка на двајца братучеди во населбата Шуто Оризари, осомничениот со нож влегол во куќата на оштетните, со цел да го лиши од живот својот братучед.
 
Удирајќи го со нож во пределот на градите и абдоменот му нанел две убодни рани. Со намера да ги раздвои, меѓу двајцата братучеди застанала сопругата на оштетениот при што осомничениот замавнал со ножот и и задал удар во пределот на срцето од кој удар кај оштетената настапила смрт.

 -Имајќи ги предвид видот и тежината на кривичните дела што се ставаат на товар на осомничениот, како и тешките последици од настанот во кој без никаква вина во својот дом, мајка на малолетни деца го изгуби својот живот, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, се наведува во соопштението на обвинителството. 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.06.2019 - 14:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега