Прегазена жена со тешки повреди во гостиварската болница

Синоќа околу 22 часот на улица „ЈНА“ во Гостивар, патничко возило „Фолксваген Голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 51-годиниот Љ.С. од Гостивар, удрило во 65-годишната Н.Н. од Гостивар.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Н.Н. и била пренесена во Медицинскиот центар во Гостивар за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.06.2019 - 12:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега