Моторот му се излизгал на коловозот - Страшна несреќа во Велес

Во 17.20 часот на улица „Костурска“ во Велес, 36-годишниот Љ.Н. од Велес управувајќи мотоцикл „Хамачи“ без регистарски ознаки изгубил контрола и паднал на коловозот.

Во незгодата, моторциклистот се здобил со тешки телесни повреди, а сопатничката, 22-годишната М.Р. од Велес се здобила со телесни повреди и биле пренесени во Општата болница во Велес за укажување на лекарска помош.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.06.2019 - 11:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега