Го фатиле со фалц пасош - Апсење на Табановце

Вчера попладне, кај Граничниот премин Табановце бил приведен турски државјанин, кај кого било констатирано дека неговиот пасош е фалсификуван.

За настанот информираше МВР. Според податоците, во 16.00 часот на Граничниот премин Табановце, при пасошка контрола било констатирано дека патната исправа на О.И.(31) од Турција била фалсификувана.

Лицето било приведено во СВР Куманово за понатамошна постапка.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.06.2019 - 12:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега