Костадинов: Донесовме повеќе пари и подобар живот за сите

Костадин Костадинов, портпаролот на СДСМ, денеска со прес-конференција за политиките на Владата.

- Уште еден податок покажува дека по години стагнација и уназадување, економијата е стабилизирана, расте и се разввива. ФДИ Интеленџенс, сервисот на Фајненшел тајмс, објави дека во периодот од јуни 2018 до мај 2019 во Република Северна Македонија регистрирани се 184,4 милиони долари странски гринфилд инвестиции. Тоа е раст од 200 отсо споредено со минатата 2017 година.Ова е одличен податок, особено имајќи предвид дека гринфилд инвестиции претставуваат инвестиции во бизнисот без претходна инфраструктура, деловен простор и вработени, вели тој.

За две години, вели вработени се околу 50 илјади граѓани, од кои 48 илјади во реалниот сектор. Тоа значи дека политиките даваат резултат.

- Со вистински економски политики создаваме реална економија со долгорочна стабилност, ориентирана и кон приватниот сектор. Освен растот на гринфилд инвестициите и вработувањето, имаме раст и на извозот. Според последните податоци на Државниот завод за статистика, во првите пет месеци од годинава, извозот е зголемен за 14,8 отсто во споредба со истиот период од минатата година. Ова се само дел од последните податоци што ја докажуваат успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ. Довербата во економијата е вратена, се реализираат нови инвестиции, расте индустриското производство, невработеноста опаѓа, додава Костадинов.

За партијата вели зборот важи. Како одговорна партија дале збор, се посветиле на развој на економијата, нови работни места, повеќе пари и подобар животен стандард на сите граѓани.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.07.2019 - 14:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега