СДСМ: Заев во разговорите помага МПЦ да добие автокефалност, ВМРО само крадеа

СДСМ со соопштение до јавноста за снимките со руските комичари и Заев.

- ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се уште се фрустрирани од тоа што премиерот на државата и претседател на СДСМ, Зоран Заев жестоко ги брани државните и национални интереси и тоа го прави насекаде, во секој јавен настп и во секој телефоснки разговор. Затоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски одбраа да им слугуваат на туѓи интереси кои имаат за цел да ја оддалечат Северна Македонија од интеграцијата во ЕУ и НАТО. Претседателот Заев во разговорите помага Македонската православна црква да добие автокефалност. Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ во разговорите договара провизии за автопати за нивните криминални џебови, договара тепање на градоначалници, палење кафеани и рушење објекти на политички неистомисленици, велат од владејачката партија.

Секојдневно се потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се на спротивната страна од интересите на граѓаните и државата. 

- Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да знаат дека и покрај сите хибридни напади, сите лажни вести и манипулации, покрај сета нивна деструктивност, напредокот ќе продолжи. Успехот во нашите стратешки цели на државата и граѓаните не може да се запре. Северна Македонија ќе биде членка на НАТО и ЕУ колку и тоа да не му се допаѓа на Мицкоски, велат СДСМ.

За потсетување, деновиве Заев е мета на реакции откако се појавија снимки од руски комичари кои го измамиле претставувајќи се како политичари.

Вован (Владимир Кузенцов) и Лексус (Алексеј Столаров), објавија видео во кое од името на поранешниот украински претседател, Петро Порошенко, разговараат со македонскиот премиер.

Во разговорот, комичарите зборуваат дека украинските научници ја откриле генетската врска на Порошенко со Александар Македонски, па така, му вели лажниот Прошенко на Заев, „сега можам да се викам Петро Македонски“. Комичарите од името на Порошенко на Заев му нудат помош украинскиот претседател да посредува за МПЦ кај вселенскиот патријарх Вартоломеј.

Заев со комичарите разговара за надворешната политика – преспанскиот договор, односите Србија-Косово, Украина, односите со Русија, ЕУ и НАТО.

Во еден разговор тие го вклучуваат и „генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

За случајот Заев рече дека и понатаму ќе зборува со претседатели и политичари и дека станал жртва на измама.

 

- „За жал и јас станав еден од оние кои беа измамени во добро организирана структура,најчесто насочени против личности и земји со евроатлански аспирации. Сепак не сум единствен, на ист начин измамени се Макрон, Борис Џонсон, Елтон Џон и Ердоган, листата покажува дека сум во добро друштво, рече во одбрана.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.07.2019 - 14:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега