ВМРО-ДПМНЕ: Колку побрзо се организираат избори, толку помала ќе биде штетата по Република Македонија

Дојде крајно време Зоран да го праша Заев дали тој бил цел на руски – анти НАТО заговор или заради неговата лекомисленост цела година бил „возен“ од двајца комичари? Запрашаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Денешната изјава на Зоран дека комичарите настапиле приватно и ја искористиле неговата неодговорност е признание дека Заев ја лажел целокупната јавност за некаков заговор на Руската федерација против Македонија, се вели во партиската реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека е многу несериозно и од Зоран и од Заев.

-И Зоран и Заев се срам за Македонија. Доколку комичарите не ги објавеа разговорите и Зоран и Заев ќе мислеа дека се уште се во комуникација со поранешниот Претседател на Украина Петро Порошенко и ќе му испраќаа фотографии од средби со сомнителни типови инволвирани во скандали и афери во земји кои се докажани пријатели на Македонија. Толку од капацитетот и на Зоран и на Заев и на нивните советници. Штетата од ваквата неодговорност за жал, на крај ја плаќа Република Македонија, бидејќи не постои сериозен меѓународен партнер кој со премиер како Зоран Заев би споделувал доверливи информации кои потоа би биле прераскажувани. Извинувањата не се доволни. Зоран Заев мора да понесе одговорност и да си даде оставка. Колку побргу се формира техничката влада и колку побргу се одржат избори, толку помала ќе биде штетата по Република Македонија, се вели во партиската реакција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.07.2019 - 16:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега