ВМРО- ДПМНЕ: Влада секој ден се обидува да презентира некакви лажни ново креирани работни места

Владата на СДСМ предводена од двоецот Заев-Анѓушев упорно се обидуваат на секој начин да ги прикријат катастрофалните економски резултати што реално се случуваат во земјата додека тие се на власт. Тие преку манипулации и лаги се обидуваат да креираат лажна слика дека економијата блеска и ветуваат секојдневно дека само што не дошол економски бум. Но за жал податоците и фактите ја откриваат суровата вистина, а тоа најдобро го чувствуваат граѓаните на свој грб соочувајќи се секојдневно со егзестенцијални проблеми да преживеат, а младите поради немањето никакви изгледи за економски просперитет ја напуштаат секојдневно државата, стои во соопштението на ВМРО- ДПМНЕ.

„Пропагандната машинерија на оваа неспособна Влада секој ден се обидува да презентира некакви лажни ново креирани работни места кои се резултат на статистички манипулации и социјални програми базирани на скапо платени активни мерки за вработувања кои немаат никаква одржливост, ниту реален долгорочен бенефит за граѓаните. Нивната главна цел е популистички да манипулираат со граѓаните и јавноста. Она што е единствено реално во овие бројки се новите креирани работни места во оние фабрики во ТИРЗ зоните кои минатата Влада успеа преку една добро дизајнирана програма за привлекување на СДИ да ги донесе во земјата.

Ако ги погледнеме податоците ќе видиме дека онаа бројка на нови работни места со која тие манипулираат во јавноста е нереална и неодржлива. Имено, ако го земеме во предвид фактот дека реалниот БДП на земјата во периодот кога СДСМ е на власт се зголемил за 284 милиони евра, тогаш излегува дека секое ново работно место што е креирано во овој период создава само 470 евра месечно, наспроти 820 евра што секој работник во просек создавал претходно во економијата. Тоа е за 70% помалку што според секоја економска логика е неодржливо и само ја докажува тешката манипулација што оваа Влада на СДСМ сака да му ја продаде како евтин трик на својот народ обидувајќи се на тој начин да ја прикрие својата неспособност“ стои во соопштението.

Во соопштението од партијата велат дека овие манипулации не треба да не изненадат ако го земеме во предвид фактот дека оваа манипулантска и неспособна Влада предводена од Заев со месеци се фалеше со некакви добри економски резултати дури и кога економијата растеше со 0%.

„Она што е реална вистина која сите ние ја гледаме секојдневно е дека нема капитални инвестиции, нема високо платени работни места, нема економски просперитет за младите, нема конкурентни домашни компании. Она што единствено има во времето на владеењето на двоецот Заев-Анѓушев е наместени тендери, криминални грантови, корупција на сите нивоа, криминални бизниси на луѓе блиски до владејачките структури, висока сиромаштија, егзодус на младите. Затоа почитувани граѓани час поскоро треба да ја испратиме оваа неспособна Влада во темната страна на историјата, и заеднички со сплотени сили и енергија да го започнеме новиот пат кон економска обнова на Македонија“ стои во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.07.2019 - 16:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега